СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Исплатени субвенции за овошни и градинарски култури

Владата и Агенцијата водат сметка не само за руралниот развој и подобрување на животот во руралните средини, туку и за земјоделството воопшто. Ова го нагласи директорот на АФПЗРР Николче Бабовски денеска во Кавадарци, информирајќи дека денеска се исплатени субвенциите за овошни и градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Тој соопшти дека на сметките на 3.647 земјоделци, се исплатени 229,5 милиони денари.

 

Апелирам до сите земјоделци, средствата да ги реинвестираат во обнова на семе и саден материјал, во набавка на се што им е потребно за наредната реколта, со цел одгледување на квалитетни производи и зголемен род. Вие продолжете да произведувате, а ние ќе продолжиме со навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно-законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, рече Бабовски.

Земјоделството, нагласи, е наша шанса за успех.

Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност, што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ, порача тој од Кавадарци.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content