ДРЖАВНА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 415.000 ЕВРА ВО ПРИЛЕП

Владата обезбедува финансиска поддршка во износ од 25.500.000 денари, односно околу 415.000 евра за Научниот институт за тутун – Прилеп, со цел унапредување на инфраструктурата и модернизација на производството на тутунски расад.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски информира дека средствата се наменети за изградба и опремување на современи оранжерии, како и за создавање услови за поквалитетно и поефикасно производство на расад од тутун.

Од Министерството посочуваат дека инвестицијата има за цел да ја зајакне научно-истражувачката и практичната улога на Научен институт за тутун – Прилеп, кој е клучна институција во развојот на тутунарството во земјата.

Со новата инфраструктура се очекува подобрување на квалитетот на расадот, намалување на ризиците во производството и зголемување на стабилноста на домашниот тутунски сектор.
Властите истакнуваат дека оваа мерка е дел од пошироките напори за модернизација на земјоделството и поддршка на традиционалните земјоделски гранки во Македонија.

Извор: ВИКИ.МК

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content