Владата интервентно обезбеди бесплатна вода за Гостивар: По 50.000 литри дневно ќе се делат на седум пунктови

Владата донесе одлука интервентно да обезбеди бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар, по состојбата со водоснабдувањето и прогласената епидемија во градот.
Од Владата информираат дека уште од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на состојбата.
Покрај институционалниот одговор, спроведувањето на контролите и анализите, од денеска и во наредните неколку дена ќе се обезбедуваат по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно, со цел да се задоволат основните потреби на населението додека се во сила мерките и препораките на здравствените институции.
Дистрибуцијата на водата ќе ја спроведува Службата за општи и заеднички работи на Владата преку седум пунктови во Гостивар:
– Водостопанство – Гостивар, ул. „ЈНА“ бр. 139;
– Градинка „Пролет“, ул. „Беличица“ бр. 47;
– СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. „Живко Брајковски“ бр. 39;
– ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. „Браќа Ѓиноски“ бр. 165;
– АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. „Илинденска“;
– Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг, ул. „Чеде Филиповски“ бр. 29;
– Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. „Беличица“ бр. 35.
Од Владата посочуваат дека паралелно продолжуваат интензивните контроли, лабораториските анализи и истражните дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба.
„Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон“, наведуваат од Владата.
Воедно, се упатува апел до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање.
Од Владата потенцираат дека заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосното надминување на состојбата остануваат врвен приоритет и најавуваат дека ќе продолжат да преземаат сè што е потребно за поддршка на граѓаните до целосна нормализација на состојбата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content