(ВИДЕО) Центарот за услуги во Прилеп ја доближува дигитализацијата до секој граѓанин

Пред 6 месеци воспоставен, Центарот за услуги во Прилеп (во Даночното одделение) на граѓаните и правните лица им го олеснува пристапот до административните услуги достапни преку Националниот портал – uslugi.gov.mk, доволно е да се прикаже личната карта . Тоа е еден од 16 те вакви центри во Македонија каде околу 332 услуги им се достапни на граѓаните и на правните лица за кои претходно требаше да ги обавуваат во подрачните одделенија на повеќе  министерства. Сега, на пример за извод од матична книга, нема потреба да се оди во подрачното одделение на Министерството за правда, туку граѓаните, услугата можат да ја добијат во Центарот за услуги во Прилеп или доколку се регистрирани на uslugi.gov.mk тоа можат да го направат од дома.

„Центарот за услуги во Прилеп е заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, сместен во просториите на даночното одделение на Општината. Особено ми е драго што услугите достапни преку Националниот портал за електронски услуги сега им се достапни на граѓаните и преку оваа канцеларија. Ветивме Центар за услуги во Прилеп и тоа ветување денес го реализираме. Прилеп доби и Wi-Fi зона со бесплатен интернет, што е уште една потврда дека градот го вклучуваме меѓу приоритетите во процесот на дигитализација и дека најавените проекти ги претвораме во конкретни резултати,“ изјави Андоновски.

Повеќе на: РадиопелаМК.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content