Прилепските средни стручни училишта ги отворија вратите за идните средношколци

51

Активностите се дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука која се спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје и преку која во рамки на првата фаза се водеше интензивен дијалог со општините и компаниите за дефинирање на потребите од отворање на нови образовни профили и паралелки согласно состојбите на пазарот на трудот на локално ниво, информираат од надлежното министерство.

„Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ согласно конкурсот за упис во средно образование во учебната 2021/2022 година имаат на располагање вкупно 1059 слободни места со кои треба да се оформат 33 паралелки. Учениците можат да одберат една од понудените струки – машинска, електротехничка, сообраќајна, графичка струка, економско – правна и трговска струка, лични услуги, здравствена, хемиско – технолошка струка, градежно – геодетска, земјоделско – ветеринарна, геолошко – рударска и металуршка струка, шумарско – дрвопреработувачка струка и текстилно – кожарска струка“, стои во дописот од министерството.

 

Во поголемиот дел од струките, објаснуваат од таму, е воведен концептот на дуално образование, кој се спроведува во партнерство на училиштата со локални компании и кој подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија, што пак, овозможува стекнување на квалитетни и потребни вештини за обезбедување на соодветен работен ангажман веднаш по формализација на средното образование, но и добра основа за понатамошна високообразовна надградба.

Како дополнителна стимулација за идните средношколци да го одбираат стручното образование, покрај воведувањето на концептот на дуално образование кој е доста интересен за младите, од оваа година МОН ја менува и политиката за стипендирање на средношколците.

Имено, сите ученици кои ќе се запишат во средно стручно училиште имаат можност да аплицираат за стипендија и тоа во вредност од 3500 денари за 9 месеци во годината, доколку ученикот е дел од дуална паралелка, односно 2200 денари за 9 месеци во годината, доколку ученикот е запишан во струка која е дефицитарна, како угостителско – туристичка струка, машинска, електротехничка и други дефинирани со конкурсот кој ќе биде објавен вообичаено во третиот квартал од календарската година, информира МОН.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content