Наскоро прв Меѓународен Фолклорен Фестивал „Итар Пејо“ во Прилеп

Прилеп добива нова културна приказна, ќе се одржи првиот Меѓународен „Итар Пејо Фестивал“, настан кој ќе ги обедини хуморот, сатирата, народната мудрост, фолклорот и препознатливиот дух на градот под Марковите Кули.

-Инспириран од најпознатиот македонски шегобиец и симбол на снаодливоста и мудроста – Итар Пејо, фестивалот ќе има за цел да ја оживее традицијата, но и да донесе нова енергија, смеа и дружење за сите генерации, стои во најавата на социјалните мрежи.

Со многу содржини, интересна програма и изненадувања, Прилеп наскоро ќе стане место каде што итрината, добриот хумор и македонскиот дух ќе бидат главни ѕвезди.

Следете ја Фејсбук страната Меѓународен Фолклорен Фестивал „Итар Пејо“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content