Со грант од 21,5 милиони евра Светска банка ќе помогне за квалитетот на образованието

48

Резултатите на учениците од Македонија на меѓународните тестирања укажуваат дека недостатоците започнуваат рано во основното образование а опстојуваат и понатаму, вели директорот на Светска Банка во Македонија, Максимилијано Паолучи. Воедно, тој алармира дека пандемијата со Ковид-19 дополнително може да ги влоши исходите во основното образование.

Децата родени денеска во Македонија ќе бидат 56% продуктивни отколку што би можеле да бидат доколку уживале целосно образование и целосно здравство, вели Максимилијано Паолучи.

 

Дел од учениците не ги совладуваат основните вештини за понатаму во животот и затоа подобрувањето на образованието е императив заедно со надминување на јазовите помеѓу учениците од различни социо-економски карактеристики.

Министерката за образование Мила Царовска потенцира дека Македонија нема друга алтернатива освен да вложува во знањето на своите граѓани и истакна дека преку проектот на Светска Банка, директно ќе биде поддржана новата реформа за основно образование.

Светската банка секогаш па и сега ги препознава заложбите на Владата за подобрување на системите. Во овој случај подобрување на системот за основно образование што директно влијае и на подобрување на сите системи понатаму во образованието. Јас сум силно убедена дека проектот ќе успее да ги постигне очекуваните ефекти затоа што не само што има поддршка од Светска банка и владата на Република Македонија туку целото оштество е сплотено и обединето во тоа да имаме подобро образование. – Мила Царовска министерка за образование и наука.

Со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе се реализираат два проекта од голема важност за економскиот развој на Македонија, од кои 21,5 милиони се предвидени за проектот за унапредување на основното образование.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content