СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Ден на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев", денеска организира одбележување на Денот на македонскиот јазик и 100 – годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Одбележувањето е во согласност со планот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, а ќе присуствуваат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, ректоратот на УГД и Филолошкиот факултет.

Настанот ќе се одржи  во 13 часот на платото пред Националната установа библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

 

КИЦ – Скопје денеска организира трибина на тема „Блаже Конеки денес“ по повод 100 години од неговото раѓање.

На трибината што ќе се одржи во паркот пред КИЦ – Скопје, како што најавуваат организаторите, ликот и делото на Конески ќе се осветлат и во потесна и во поширока смисла. Во потесна смисла: она што претставува неговото творештво денес во македонската општествена, културнопросветна и научна стварност, како стимул и корпус. Во поширока смисла: како влог во една воспоставена лингвопоетичка традиција во македонистиката, од којашто произлегува препознатлива лингвистичка школа, која со право го носи неговото име „Школа на Блаже Конески“.

На трибината ќе учествуваат, Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content