СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Пад од 27 места: УКИМ е 1944-ти универзитет во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се најде на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година, која ја издава Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

За жал, УКИМ годинава бележи пад од 27 места, споредено со ланската академска година и тој е единствениот македонски универзитет на листата со 65,9 бодови од вкупно 100.

Годинава, според академскитe перформанси биле рангирани вкупно 19.788 високообразовни институции во целиот свет, од кои беа издвоени најдобрите 2.000.

Од регионот, Србија се вброи на листата со четири свои универзитети, Бугарија со два, а Грција дури 12. На светско ниво, пак, врвот и понатаму го држат американските универзитет Харвард, МИТ и Стенфорд.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content