СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Прилеп на Кузманоски реди победи, рутински совладан Младост од Богданци

Ракометарите на Прилеп покажаа дека се во одлична форма и ја запишаа четвртата победа во низа на дуелот со Младост (29-23) во шестото коло од плеј-аутот.

Домаќинот доминираше во секој дел од играат на овој натпревар. Уште на полувреме можеше да се заклучи дека бодовите ќе завршат кај прилепчани.

Одличната игра во напад на Прилеп ја направи разликата во воведните 30 минути. Гостите од Богданци имаа проблеми со разиграниот противник, кој постигна 16 и прими десет гола и замина на пауза во подобро расположение.

 

Избраниците на Кузманоски на моменти имаа падови во играта, но не доволни за да ја испуштат убавата залиха. Им помогна и заморот кај гостинскиот тим, кој сепак не можеше да се избори за чудесен пресврт.

Ветеранот Чантурија реализира седум, а идентична бројка зад своето име на спротивната страна запиша Лупашко.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content