Трагедија во прилепско

Жител на прилепското село Грушино трагично го загубил животот во несреќа со земјоделска механизација.

Според информациите, несреќата се случила додека го стартувал тракторот, по што бил зафатен од собирачка за сено прикачена на машината. Од здобиените повреди починал на местото на настанот.

На местото интервенирале полициски екипи и други надлежни служби, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

Увидот треба да ги утврди точните околности под кои се случила несреќата.

Трагедијата повторно го отвора прашањето за безбедноста при работа со земјоделска механизација, особено во периодот кога земјоделските активности се во полн ек.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content