СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Објавени огласите за автори и илустратори на материјали за учење

Министерството за образование и наука продолжува посветено и силно да работи на реформските процеси во основното образование кои ќе се имплементираат со воведување на нова концепција во прво и четврто одделение од септември годинава.

За таа цел веќе се објавени огласите за изработка на материјали за учење и за ликовни илустратори односно графички дизајнери за изработка на детски илустрации со што практично почнува подготовката на материјалите од кои ќе учат првооделенците од учебната 2021/2022.

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, како носител на процесот, очекуваат и повикуваат на огласите да се јават искусни практичари кои ќе понудат креативни материјали и илустрации соодветни на возраста на учениците и на барањата за постигнување на резултатите од учење определени во секоја тема од наставните програми.

 

Сите содржини во материјалите за учење треба да се базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин да се интересни за учениците и да се во релација со нивните искуства. Исто така, ликовните илустратори/графичките дизајнери треба да соработуваат со авторите тимови кои ќе работат на подготовка на материјали за учење, со што ќе се овозможи нивна квалитетна визуелизација, што е значајно за учениците од прво одделение.

Наставните материјали со текстуалната и визуелната содржина, треба да овозможат совладување на основните вештини по одделните наставни предмети. Основната цел на новата концепција е во фокусот на образованието да бидат учениците, односно преку квалитетна настава кај децата да се развие критичко размислување, креативност и граѓански вредности.

Наставните материјали се изготвуваат согласно наставните програми за прво одделение, кои се усогласени со Концепцијата за основно образование и со сите стратегии и пристапи на настава и учење коишто се промовираат со неа.

Огласот за автори/авторски тимови може да го погледнете на следниот линк, додека огласот за илустратори/графички дизајнери тука.

Министерство за образование и наука

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content