Дарко и Весна Чатлески дел од 78. Генерално собрание на ЕБУ во Тирана

Од 05 до 06 јуни 2026 година во хотелот Плаза во Тирана, Албанија се одржа 78-то Генерално изборно собрание на Европската Боксерска Унија.

Про Бокс Македонија учествуваше со двајца делегати, претседателката Весна Чатлеска и генералниот менаџер Дарко Чатлески, кои активно учествуваа во работата на собранието, дискусиите и изборните процеси.

Во рамките на конгресот беа одржани избори за претседател и членови на управниот одбор на Е.Б.У. За претседател беше реизбран господинот Петер Штуцки од Швајцарија. Особено значење за земјите од Балканот е што за прв пат претстаник од Србија Г-ѓа Лена Зечевиќ беше избрана за член на управниот одбор.

Посебен акцент на состанокот беше ставен на медицинските прегледи, здравствената заштита и системот на суспензии, со цел дополнително унапредување на безбедносните стандарди на боксерите во професионалниот бокс.

Претставничката на boxrec.com , ја презентираше актуелната состојба и идните насоки за развој на светската боксерска база на податоци, при што беа разгледани можностите за понатамошно унапредување на системот и неговата примена во професионалниот бокс.

Во одделни работни разговори со претставничката на boxrec.com беа дефинирани условите за воспоставување на професионален појас за професионален шампион на Македонија, со цел дополнително зајакнување на системот на професионалниот бокс и создавање нови можности за домашните боксери.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content