СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Почна аплицирањето за земјоделски субвенции

Земјоделците и сточарите од денеска може да аплицираат за државни субвенции за овогодинешното производство.

Платежната агенција на располагање има околу 81 милион евра, пари наменети за земјоделците и одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели. Рокот истекува на 31 мај, а апликациите се поднесуваат електронски.

Директорот на Платежната агенција вели дека за минатата година до сега исплатени се една третина од субвенциите, додека за 2019 година се речиси целосно исплатени.

 

Во Платежната агенција пристигнуваат по околу 65.000 барања за финансиска поддршка, а доколку внеле погрешни податоци, апликантите имаат рок од 30 дена да го повлечат или коригираат барањето.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content