СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Сто македонски новинари ќе се вакцинираат во Србија во организација на МАН

На барање на МАН во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија, обезбедени се вакцини АстраЗенека за вкупно 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација.

Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март 2021 година.

 

Ќе се вакцинираат единствено лицата кои ќе бидат официјално пријавени до МАН.

Пожелно е лицата кои ќе се вакцинираат да бидат во 11.30 часот на 23 март 2021 година, вторник, во Заводот за јавно здравје Врање, на улица: Јован Јанковиќ Лунга 1, Врање (Jovana Jankovića Lunge 1, Vranje) за до 12.00 часот да се завршат административните процедури.

Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни.

МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад во вторник, 23 март 2021 година.

На вакцинацијата присутни ќе бидат и претседателите на УНС и МАН.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content