СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Откупните пунктови за тутун остануваа под клуч – се чека законот да помине во Собрание

Во петокот се затворија вратите на сите откупни пунктови за тутун.

Денеска ниту еден не отвори а кога повторно ќе се врати откупот на тутунот сеуште никој не знае. Тутунарите кои имаат големи количина на тутун за предавање се во паника дали ќе се откупи вишокот тутун за кој не се предвиде навреме да се поднесат измени на законот па сега целата работа заглави во собранието кое никако да собере кворум за да го одблокира откупот на тутунот со измена на законот.

Дел од тутунарите организирани преку ново формираното здружение денеска беа во собранието на средба со пратеникот Јахоски кој е еден од пратениците кои сметаат дека се потребни законските измени на законот за тутун. Добиле уверување дека се прават напори деновиве односно најверојатно утре да се стави точката на дневен ред во собранието и да се донесе по брза постапка со важност веднаш по донесувањето.

 

Од Собранието брифираат дека за 34 седница не е изгласан дневниот ред а точката за измените на законот за тутун е под реден број 68 и 69 но не се знае кога претседателот на собранието Талат Џафери би свикал продолжение на таа седница. На терен состојбата особено во долненскиот регион е најкритична бидејќи таму има најмногу тутун останато. Според грубите проценки на тутунарите за откуп чекаат повеќе од 3 илјади тони на тутун кој главно е без договори но има и неоткупен тутун со договори.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content