СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат исплата на субвенциите

Земјоделците од кочанскиот регион кои произведуваат ориз денеска во селото Облешево со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат Кочани – Штип.

Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството истакнаа дека на овој начин го изразуваат незадоволството од лошата состојба во која се наоѓаат и што што Владата сè уште не им ги исплатила субвенциите за предадената оризова арпа од минатогодишната реколта.

Откупната цена е ниска, изнесува од 15 до 20 денари за килограм арпа, а не сме ги добиле субвенциите. Владата нема слух да најде начин да задоволи барем дел од нашите потреби. Не сме опфатени ниту се една од петте ковид-мерки, поради што до крајот на февруари бараме исплата на редовните субвенции што ни следуваат по закон. Веќе почнуваат подготвките за новата сеидба на оризот и тие средства ни се потребни. Поради ниските откупни цени бараме дополнителна субвенција од пет денари по килограм предадена арпа, истакна Драгољуб Гаврилов, член на Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

 

Земјоделците побараа и исплата на надоместокот за „зелена” нафта, како и определување на заштитна цена за килограм ориз.

Откупувачите сами ја определуваат најниската откупна цена, а ние како земјоделци сме принудени да им ги предадеме произведените количини со оглед што сме должни да ги платиме обврските за воден надоместок, за набавеното ѓубриво и репроматеријали и за другите трошоци. Цената на нафта е покачена, поскапи се вештачките ѓубрива и најжално ќе биде ако земјоделците не можат да ја почнат седибата на оризот, истакна оризопроизводителот Тони Максимов.

Земјоделците од кочанскиот регион нагласија дека очекуваат брза реакција од Владата, зошто во спротивно ќе продолжат со протестите и ќе применат поригорозни мерки за целосно блокирање на магистралниот пат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content