Угостителите и музичарите денеска на протест

39

Угостителите од Владата бараат протоколи за да може да работат.

Перица Голомеиќ, сопственик на угостителски објект и еден од организаторите на протестот вчера во емисија на ТВ 21, истакна дека нивниот сектор не бил опфатен како што очекувале со петтиот пакет владини мерки.

 

Од 26 јули ни е воведна забрана за вршење на нашата примарна дејност, забрана за крштевка, свадба, коорперативен настан. Поради тоа ќе ја блокираме раскрсницата булевар Александар Македонски во Автокоманда од 14 до 17 часот, со цел да испратиме апел до Владата да ни издаде протокол за работа. Првенствено да работиме. И да ни помогне финансиски, затоа што ние ги плаќаме нашите обврски и веќе не можеме да продолжиме со тој интензитет, вели Голомеиќ.

На прашање колку помош добиле од државата и колкави се загубите, тој истакна дека добиле парцијална помош за плати.

Шест месеци државата, а пет месеци ние ги финансираме платите. Од тие причини ние излегуваме на протест, а излегуваат и од другите дејности како што сте музичари, фотографи, атељери за венчаница. Немаме делумна попреченост, ние сме 100% попречени, па загубите се огромни, неколку стотици илјади евра, рече Голомеиќ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content