СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Новиот албум на Влатко Стефановски, Taftalidze Shuffle конечно и кај нас

Контра сите наметнати неприлики и ограничувања, 2020 ќе остане запаметена како година на индивидуални творештва.

На општо задоволство, едно од тие дела е албумот Тафталиџе шафл од Влатко Стефановски.

 

Албумот е комплетно авторско дело на Стефановски на кој се сместени 9 наслови, снимени во Студио Езотерија.

Издаден од Croatia records, на ЦД и Винил, Тафталиџе шафл е албум кој го понесе епитетот најемотивниот албум кој Влатко го снимил и дефинитивно албум кој направи значајно комерцијално и културно враќање на винил форматот во Македонија.

Од неодамна, иако во ограничени количини, двата формати се достапни и за македонската публика во салонот АУДИОКУЛТУРА во Аеродром.

Докажано доследни во почитта кон музиката и културата, суптилно покажаа дека музиката и културата произведени на македонски тло, особено кога истите доаѓаат од бренд на уметник каков што е Влатко Стефановски, заслужуваат достоен третман.

Во таа насока, неформалната пријателска средба со Влатко, АУДИОКУЛТУРА ја насочи кон свртување на вниманието кон сите оние кои сакаат да го купат новиот албум на Стефановски. Имено, Влатко со задоволство стави свој потпис на дел од ЦД и Винил примероците. Срдечно пристапувајќи кон овој финален допир на делото, Влатко останува блиску до своите слушатели, а тие пак имаат незаменлива можност во своите колекции на дела со трајни вредности да додадат и дело со посвета од еден од најголемите музичари во Македонија и светот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content