СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Сите 120 радиодифузери во државата ќе бидат ослободени од годишната давачка за концесијата

„Предвиодовме и конкретна мерка финансиска поддрша од државата за 120 радиодифузери во висина од 50 милиони денари во 2021 година. Со оваа мерка 120 радиодифузери колку што се сите вкупно во државата, односно радија и телевизии кои имаат активни концесии за емитивуње на радио и телевизиски програми ќе бидат ослободени од годишната давачка за концесијата.“, истакна премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата каде што го претстави петтиот пакет економски мерки.

Како посебна мерка премиерот ја истакна ослобудувањето на давачка за мултиплекс фрекфенција за цела 2021 година. Оваа мерка ги опфаќа радио дифузерите на кои ќе им се покријат трошоците за 2021 година за дигиталниот, терестеријален и мултиплекс дозвола за емитување.

 

Петтиот сет економски мерки, содржи вкупно 29 економски мерки во вкупна вредност од околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони евра се директни буџетски трошења и мерките се распоредени во четири главни столбови.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content