Искрено се надеваме дека состојбата со пандемијата ќе се среди и дека ќе се вратиме на „старата нормалност“, што ќе се одвива во три фестивалски вечери: фолк, поп и интернационалната вечер.
Фолк- вечер ќе се случува на 9 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко. Поп-вечер е закажана за 10 септември, а финалната, Интернационалната вечер, за 11 септември 2021 година.
Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2021“ се:
* Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик;
* Наслов на композицијата;
* Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Поп, Фолк, Интернационална);
* Композициите претходно да не бидат изведувани;
* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации;
Годинава фестивалот става посебен акцент и дава голема подршка за дебитанти, новите музички сили, кои ќе имаат можност да настапат на 28-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во фолк и во поп вечерта. Демо-снимките од нивните композиции е потребно да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.
Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected]
На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријави е до 15 април 2021 година.