СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Корона-кризата ги исфрли на површина слабостите на земјоделството

Цените на храната на светско ниво повторно забележаа раст на крајот на минатата година, при што особено поскапеа млечните производи и растителните масла, објави Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Позначајно од сторијата
  • Актуелната здравствено-економска криза ја нагласи потребата од воспоставување стабилен систем на храна, кој функционира во секакви околности и кој е во состојба да обезбеди доволно и континуирано снабдување на потрошувачите по достапни цени.

Ценовниот притисок е присутен и во нашата земја, што се потврдува и со стапката на инфлација, која минатата година изнесуваше 1,2 отсто. Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2020 година изнесува 1,2 отсто, што е во согласност со проектираната стапка. Во услови на ревизии кај надворешните влезни претпоставки во различни насоки, сѐ уште е нагласена неизвесноста од движењето на светските цени на примарните производи во следниот период и нивното влијание врз домашните цени, во согласност со неизвесните економски ефекти од вториот бран на пандемијата на ковид-19 и нејзиното времетраење, како и од појавата на мутираниот коронавирус – соопшти Народната банка по седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика.

Од Стопанската комора на Македонија посочуваат дека и земјоделците и науката се согласни во констатацијата дека корона-кризата ги извади на површина слабостите и ги продлабочи децениските проблеми. Оттаму истакнуваат дека со кризата се наметна прашањето дали како земја зависна од увоз ќе имаме доволно храна и како можеме да го поттикнеме домашното производство.

 

Инаку, според извештајот на ФАО, меѓународните цени на прехранбените производи достигнале пораст од 3,1 отсто во однос на минатата година.

Индексот на цените на храната во декември беше за 2,2 проценти повисок од ноември. Во текот на цела 2020 година, индексот што ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбените производи достигна пораст од 3,1 отсто во однос на 2019 година, но сѐ уште е под неговиот историски врв од 2011 година – наведе ФАО во соопштението.

Во извештајот се посочува дека растот на индексите на цените е забележителен кај житните култури и кај растителните масла. Индексот на цените на житните култури на ФАО пораснаа 1,1 отсто во споредба со ноември, или за целата 2020 година во просек беше 6,6 проценти над нивото од 2019 година. Цените на извозот на пченица, пченка и ориз се зголемија во декември поради загриженоста за растечките услови и изгледите за земјоделските култури во Северна и Јужна Америка, како и во Руската Федерација.
Индексот на цената на растителното масло на ФАО во декември го достигне највисокото ниво од септември 2012 година. Индексот на цените на млечните производи, според ФАО, е зголемен за 3,2 проценти во декември, што е седми последователен месечен пораст.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content