СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Дополнителни конкурси на МОН за доделување ученички и студентски стипендии за 2020/2021 година

Министерството за образование и наука информира дека се објавени дополнителни конкурси за доделување на преостанатите ученички и студентски стипендии кои останаа недоделени по завршувањето на првично објавените конкурси за учебната, односно академската 2020/2021 година.

Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјава предвидува распределба на 318 стипендии за студенти од социјални категории, 64 стипендии за студенти кои оствариле висок просек во учењето и 21 стипендија за студенти запишани на студиски програми по математика, хемија и физика.

Додека, со конкурсите за доделување ученички стипендии е предвидено доделување 25 стипендии за ученици – деца без родители, 10 стипендии за талентирани ученици и 20 стипендии за талентирани ученици – спортисти, запишани во јавните и приватните средни училишта во државава.

 

Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, може да изберат апликација заедно со сите потребни документи да ја достават хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски на www.konkursi.mon.gov.mk, најдоцна до 11 јануари 2021 година, соопшти МОН кое објави и упатство за електронско аплицирање, со напомена дека апликацијата се смета за успешно поднесена откако ученикот, односно студентот, по притискање на копчето „аплицирај” ќе добие ИД (идентификациски број) на апликацијата.

За дополнителни информации, МОН упатува на контакти на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во Министерството.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content