СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

За органско производство исплатени 90 милиони денари субвенции

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 658 лица исплати 91,6 милиони денари за одгледувачите на органско производство.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, односно оние кои аплицирале за „Мерката 215 органско производство“.

Согласно програмата за рурален развој, средства ќе бидат исплатени на сите кои на органски начин одгледуваат градинарски култури, постоечки лозови и овошни насади, овци, кози, говеда и пчелни семејства.

 

Средствата за финансиска поддршка на органското производство се исплатени на сите земјоделски производители кои поднеле барање за користење на финансиската поддршка и ги исполниле условите за искористување на средствата од Програмата за рурален развој.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content