СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со посебни потреби. На овој ден најмногу внимание се посветува на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат токму овие лица.

Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби.

Денот на лицата со посебни потреби не опфаќа само ментален или физички хендикеп, туку многу пошироко, од аутизам, Даунов синдром, мултиплекс склероза..

 

Според податоците на Светска здравствена организација, над една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби.

Во нашата држава се проценува дека 10 отсто или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини.

Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица, децата и возрасните кои се сиромашни.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content