СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Бизнисмените бараат промена на моделот за субвенционирање на земјоделието

Агробизнисмените не се против идејата на владата за продажба на државното земјоделско земјиште но сметаат дека потребно да се направат јасни критериуми за тоа да оди само во рацете на професионални производители за да има поголем ефект.

Целосна промена на моделот на субвенционирање во земјоделството и наместо по површина, поддршката да се дава по предаден килограм во регистриран откупен центар се до периодот на влез на земјава во европската унија е еден од предлозите кој агробизнис заедницата преку стопанската комора го предлага до Владата.

Во своите предлог мерки кои треба да му помогнат на земјоделството да биде генератор на растот на економијата во пост-корона периодот тие бараат да се укине сегашниот скалест модел на распределба на субвенциите со кој драстично е намалена поддршката на големите агро комбинати кои според нив сега најмногу можат да помогнат во закрепнувањето на економијата.

 

Агробизнисмените не се против идејата на владата за продажба на државното земјоделско земјиште но сметаат дека потребно да се направат јасни критериуми за тоа да оди само во рацете на професионални производители за да има поголем ефект.

Од Стопанската комора детектираа 4 клучни сектори на кои треба да се фокусира поддршката од околу 200 милиони евра која ја оценија како доволна ако правилно се распредели.

Според нив важни се мерките во лозаро-овоштарскиот сектор, преработувачкиот, мелничко-пекраскиот и сточарскиот односно млеко преработувачкиот сектор кои се најпогодени од корона кризата а со правилни мерки имаат најголем потенцијал да помогнат во вкупниот економски раст.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content