СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Почна аплицирањето за студентски стипендии и средства за поврат на купен музички инструмент

Во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година. Конкурсот наменет за студенти запишани на додипломски студии на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија и посебен конкурс за студенти Роми, се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок за поднесување на документите е 30 ноември.

Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови,  можат да одберат својата апликација заедно со сите потребни документи да ја достават или хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски преку интернет латформата www.konkursi.mon.gov.mk. Кандидатите кои ќе аплицираат електронски, немаат обврска да ги достават документите хартиено и обратно – студентите кои поради било каква причина немаат можност или нема да одберат да аплицираат електронски, ги доставуваат документите само хартиено во МОН, а апликацијата ќе се смета за валидна и ќе биде предмет на разгледување од надлежните комисии.

 

Дополнително, покрај конкурсите за доделување студентски стипендии, Министерството за образование информира и дека во тек е Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за академската 2020/2021 година, со кој на 25 студенти, запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката, а кои ќе ги исполнат конкурсните услови, Министерството ќе им изврши поврат на дел од средствата за купен музички инструмент во висина од 75 проценти од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент. Аплицирањето е идентично како и кај студентските стипендии (потенцијалните кандидати одбираат или електронска или хартиена достава на документите) и трае 60 дена од денот на објавата на конкурсот.

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е безбеден, но и поедноставен во однос на доставата на документите во хартиена форма во просториите на МОН.

Упатството за електронско аплицирање е објавено на следниот линк.

За какви било прашања поврзани со аплицирањето за остварување на правото на стипендија, односно финансиска поддршка за купување музички инструмент, Министерството за образование и наука им стои на располагање на учениците. Контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е contact@mon.gov.mk.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content