СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Почна аплицирањето за субвенции за предадени градинарски и овошни култури

Земјоделците кои оваа година произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска до 25 декември ќе може да поднесуваат барања за добивање субвенции.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, вели дека до 25 декември земјоделците кои произвеле зелка и од 5-ти април до 5 мај ја предале на преработувачки капацитет, ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка од три денари по килограм.

Аплицирањето се врши електронски со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во полето „Директни плаќања-е барање” се поднесува електронското барање и за подмерките 1.6, 1.8 и 1.19. Крајниот рок за поднесување на барањата за овие мерки е 25 декември 2020 година. Сите кои имаат проблем или не знаат сами електронски да поднесат барања, може да се обратат во подрачните единици МЗШВ. Но, сите кои ќе побараат помош од вработените во подрачните единици треба да ги почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19, истакнува Бабовски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content