СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

„Меѓаши“ бара да се затворат градинките и да има онлајн-настава за сите ученици

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ соопшти дека е загрижена од новите мерки на Владата и Министерството за здравство во врска со спречување на ширењето на коронавирусот. Од таму бараат затворање на градинките и целосна онлајн-настава во училиштата.

„Упатуваме апел до властите да дадат поголема поддршка и соодветни услови за работа на здравствените работници вклучително доволно човечки ресурси и доволно заштитна опрема за да не се доведуваат до ситуација самите да ја набавуваат, да препознаат дека сега е соодветно време за префрлање и на децата до трето одделение на онлајн-настава и затворање на градинките, а родителите на децата до десетгодишна возраст да се ослободат од работа“, се наведува во соопштението.

 

Од „Меѓаши“ исто така велат дека загрижува тоа што во детските оддели од болниците во иста просторија се прегледуваат деца за кои постои сомнеж дека се заразени од Ковид-19 и деца дојдени од други причини.

Од таму велат дека до нив постојано пристигаат барања за помош и донации од медицинскиот персонал, при што досега најчесто биле барања за донација на заштитна опрема, маски и скафандри, но пристигнало и барање за волонтерска помош.
Од Детската амбасада велат дека недостигаат информации за бројот на позитивни случаи на деца заразени од Ковид-19, ниту вкупен ниту на дневна основа.

„Недостигаат информации за сместувачките капацитети за хоспитализација на децата што се позитивни и дали има доволен стручен тим посветен само за децата или одговорностите на здравствените работници се и за возрасни и за деца во исто време“, прашуваат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ – Република Македонија.

Според нив, потребно е итно дејствување на сите во општеството тргнувајќи, пред сè, од Владата, во насока на мобилизирање на сите ресурси и поставување на здравството како приоритет, вклучително и заострување на мерките.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content