СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Промовирани „Стела и Сани“, малите херои од првите 3Д анимирани видеа наменети за едукација и анимација на деца создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Висуал” со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на Јавен повик за кофинансирани грантови за комерциајлизација на иновации.

Досега, ова студио има работено визуелни ефекти за повеќе 50 филмови од холивудската А листа, популарни box office хитови и добитници на бројни награди на престижните меѓународни фестивали, а по повод својата 15 годишнина од постоење и успешна работа го промовираше својот мега-проект „Стела и Сани” – серијал од високо квалитетни авторски 3Д видеа на македонски и албански јазик, наменети за супер – забавна едукација на децата преку музика и игра, информираат од „Вертиго Висуал” .
Првото видео од серијалот може да се гледа на Youtube каналот на „Стела и Сани”. Во него преку песна се учат буквите на македонската абука.
Дејан Пановски, извршен директор на „Вертиго Висуал” информира дека примарната цел на овој проект е креирање на нов македонски и албански бренд – домашна авторска содржина за анимирање и едукација на деца на возраст до 10 години.
Сепак, не застануваме тука: освен овие видеа на кои сме навистина горди, „Стела и Сани” ќе ги продолжат своите авантури и низ сите дигитални, но и печатени формати. Веќе работиме и на развој на Веб-платформа, како и на апликации, интерактивни игри, боенки…буквално сите алатки со кои можеме да го олесниме и направиме ова секојдневие пошарено и за децата, и за родителите кои ќе ги користат „Стела и Сани” во неопходната едукација и анимација на своите најмлади, вели Пановски.

Важен дел од самиот проект е издавањето на едициите на книги за деца во кои, преку квалитетна домашна содржина, ги развиваме читателските навики кај децата уште од најрана возраст. На книгите работат домашни реномирани автори, илустратори и креативци, со цел да се создадат врвни изданија што одговараат на светските стандарди.

Од наша страна ангажирани се професионалците во пишувачката дејност како Бистра Георгиева, Винка Саздова, Венко Андоновски, Јагода Михајловска-Георгиева. Со овој проект ќе создадеме три едиции на книги кои ќе ги опфатат сите категории на литературата за деца, поделени според возрасни групи од 1 до 15 години. Веќе денес ја промовираме првата сликовница со наслов „Во овој балон нема место за еден слон“, која може да се најде во Книжарниците на ТРИ и во нашата продажна мрежа, потенцираше Љубомир Саздов од Издавачкиот центар Три.

Фондот, во рамки на своите заложби за обезбедување иновативни модели на учење поддржува иновативни проекти кои имаат за цел да овозможат пристап до креативна и квалитетна содржина за генерациите кои се повеќе време поминуваат онлајн. Видеата од овој серијал на интересен и едукативен начин обработуваат различна тематика со цел да ги научат децата на најосновни работи. Темите опфаќаат: изучување на македонската и албанската азбука, изучување на животните, поттикнување на навики за лична хигиена и зачувување на животната средина, другарство и мултиетнички соживот, толеранција и пријателство, изучување на боите, предметите, околината и сл, а визуелно и продукциски ги исполнуваат највисоките стандарди.

Доколку сакате да ги запознаете Стела и Сани и да учествувате во нивните авантури следете ги на  Youtube каналот и добивајте нотификации за секое ново видео. Дел од приказните на двајцата јунаци и идеи за игри и учење ќе најдете и на Фејсбук страната и на профилот на Инстаграм.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content