Култура

Можно е наставниците од дома да предаваат онлајн, за да не се греат училниците за еден човек

Министерката за образование Мила Царовска денеска при посета на училиште во Кочани најави дека е можно наставниците да предаваат онлајн и од дома, за како што рече, да не се загрева цела училница за само еден наставник и истите средства да се пренаменат за ИТ опрема.

„Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди“, кажа министерката по посетата на ОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

 

И оваа учебна година нема екскурзии

Министерката Царовска исто така изјави дека оваа година како и за време на второто полугодие од минатата учебна година нема да може да се организраат училишни екскурзии.

„Испратени се упатства од Бирото за развој на образование. Може до пет километри да имаат прошетка, движење учениците заедно со наставниците за да може да имаме социјализација. Но, од друга страна, она што се случувало минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите сметам дека има уредби. Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период и тоа сигурно се случило“, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во општина Кочани.

Министерката Царовска ги повика директорите на училиштата кои се одговорни за организација на екскурзиите, да ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари коишто биле од минатата година ќе им се вратат. Но, оваа година, како што потенцира, екскурзии не се дозволени.


Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content