Земјоделие

Рокот за плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште продолжен до 18 декември 2020

Рокот за плаќање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година е продолжен до 18 декември 2020 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Рокот произлегува од донесената Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за земјоделското земјиште за време на вонредна состојба, од страна на Владата.

 

Според оваа Уредба, рокот за плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година, се одложи за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба. Законскиот рок беше до 31 јули 2020 година, но сега земјоделците закупнината ќе можат да ја платат заклучно со 18 декември 2020 година.

Воедно, според Уредбата, до 18 декември 2020 нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп поради неплатена годишна закупнина, објаснува МЗШВ.

Според Министерството, одлуката за продолжување на рокот за плаќање закупнина и за нераскинување на договорите поради неплатена закупнина се донесе заради надминување на економските тешкотии на закупците, поради вонредната состојба предизвикана од вирусот КОВИД 19.

И во следниот период ќе го следиме влијанието на пандемијата врз земјоделството и во комуникација со земјоделците и стопанствениците од агросекторот, доколку има потреба ќе се преземаат и други соодветни мерки за ублажување на последиците, наведува Министерството.


Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content