Привршува бербата на грозје во Тиквешко

1

Привршува бербата на грозје во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион, претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев попладнево изрази задоволство што, како што нагласи, државата годинава помогна со дополнителни субвенции и се надминаа проблемите околу откупот на вишокот грозје.

Во услови на пандемија од вирусот Ковид-19 и штети од климатските промени врз квалитетот на грозјето, задоволен сум што издејствувавме дополнителни државни мерки со кои се постигнаа повисоки цени од тие што првично ги нудеа винариите, но и откуп на грозјето со полош квалитет за преработка во дестилат, рече Кулев.

Тој изрази благодарност до Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, затоа што, како што додаде, во рамките на своите можности, ја ублажија катастрофалната година за лозарството. Се заблагодари и на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и одделни винарии кои исто така помогнале при откупот на годинешниот род на лозјата.

Останува во наредниот период, многу понавремено да седнеме заедно претставниците на лозарите и винарите и да донесеме една стратегија за понатамошна соработка во интерес на сите. Очекувам уште при крајот на годината да почнат преговорите и да се изнајде решение за наредната реколта, дециден беше Кулев.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content