Обраќање на премиерот Заев и министерката Царовска по повод Светскиот ден на наставниците

0

Настанот е дел од кампањата „Учиме од вас. Ви благодариме!”, што Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја спроведуваат во текот на учебната 2020/2021 година.

Како што соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, на настанот ќе се обрати и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани, при што ќе биде претставена инсталација со училишни ранци за да им оддадат признание и благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

 

Инсталацијата со училишни ранци ќе биде поставена на градскиот плоштад во Скопје три дена, овозможувајќи им на посетителите да се вклучат со свои пораки за наставниците. /МИА

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content