СДС пука по „шавови“: Ја спукаа Тито Беличанец и Аднан Џаферовски

Нов ден, нова војна меѓу раскараните есдеесовци. Од една страна реалните, кои го признаваат дебаклот и од друга Заевистите со розови очила кои ја тераат СДС во провалија, со песна. Песната е за Заев, се разбира.

Во војна влезе и најголемиот и најпатетичниот бранител на неделото на ликот црпнат од нивата. Кој друг ако не Тито Беличанец со нова инфантилна канонада на одбрани и хвалоспеви за Заев. Сега ја спука со Аднан Џаферовски, кој го обвини за платена одбрана на црпнатиот лик од муртинската нива.

Професорот Тито Беличанец, поранешен потпретседател на преодната влада во периодот 1989–1991 година, преку јавна објава остро им одговори на функционерот на СДСМ Аднан Џаферовски и на други членови на партијата кои го обвинија дека е „поткупен“ за да ги брани актуелното раководство и политиките на СДСМ, објави порталот Експрес.мк.

Во својата реакција, Беличанец наведува дека таквите обвинувања се најголемата навреда што ја добил од човек од СДСМ, но нагласува дека партијата ја следи уште од нејзините почетоци и дека почнал активно да ја поддржува со доаѓањето на Зоран Заев.

– СДСМ го следам од почетокот. До доаѓањето на Заев, партијата луташе во идеолошка и организациона магла и не донесе една државничка одлука. Дури и кога немаше опозиција, ѝ ја предадовте власта на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски да владее 12 години – наведува вљубеникот во ликот и неделото на Заев, Беличанец.

Тој оценува дека токму Заев ја претворил СДСМ во државотворна партија, демек носејќи, како што наведува пуленот на Црпко, најтешки државнички одлуки и компромиси. Според него, наместо да добие поддршка, Заев бил тргнат од партијата, што довело до подоцнежните поделби и слабеење на СДСМ.

Во објавата, Беличанец со сите сили ги критикува и поранешните партиски функционери, оценувајќи прозаевистички дека наместо да помогнат во консолидацијата на партијата под водство на Венко Филипче, започнале да бараат нови реформи и идеолошки платформи.

Тој смета дека дел од нив со своите лични амбиции ја ослабнале партијата и за време на локалните избори, правдајќи го Венко за дебаклот.

Беличанец со розовите очила се осврнува и на критиките дека СДСМ води премногу агресивна кампања околу внесувањето на Бугарите во Уставот. Според него, верувале или не, кампањата е дури и недоволно силна и треба уште поотворено да се бара политичка одговорност од премиерот Христијан Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content