Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија

Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои 75.8 % се од странските, а 24.2 % од домашните туристи.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските зголемување за 3.3 %.

Најголем број од странските туристи биле од Турција (34 681), од Германија (9 578), од Србија (7 605) и од Бугарија (4 858).

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content