Случајот предизвика големо внимание бидејќи Советот на ЕУ одбива да открие која држава го поднела приговорот, но и да го објави образложението. Единственото официјално објаснување е дека станува збор за „многу чувствителен процес на донесување одлуки“ и дека откривањето на деталите би можело да влијае врз постапката.
Според јавно достапните информации, Бугарија предложила нејзината прва комеморативна монета од две евра да биде посветена на „бугарската азбука“, со што сакала да ја истакне историската улога на кирилицата како дел од бугарското културно наследство. Токму оваа формулација, според написи во дел од европските медиуми, можеби е причината поради која е поднесен приговорот.
Тајна во Брисел, претпоставки на Балканот
Советот на ЕУ крие која држава го оспорила дизајнот на првата бугарска комеморативна монета од две евра, додека Бугарија се соочува со сомнежи дека преку монетарен симбол се обидува ексклузивно да ја претстави кирилицата како бугарско наследство.
Според јавно достапните информации, Бугарија предложила нејзината прва комеморативна монета од две евра да биде посветена на „бугарската азбука“, со што сакала да ја истакне историската улога на кирилицата како дел од бугарското културно наследство. Токму оваа формулација, според бројни шпекулации во европските медиуми и нумизматички кругови, можеби е причината поради која е поднесен приговорот.
Холандскиот аналитичар и консултант Рајниер Јарсмана на социјалната мрежа X објави дека засега непозната членка на Европската Унија (ЕУ) се спротивставила на предлогот на Бугарија за пригодна евро-монета посветена на бугарската азбука.
„Интересно: непозната земја-членка на ЕУ поднела приговор на дизајнот што го предложила Бугарија за специјална евро-монета со која се одбележува бугарската азбука. Советот, исто така, одбива да го објави писмото со приговорот, со образложение дека не сака да го поткопа многу чувствителниот процес на донесување одлука“, напиша Јарсма на неговиот X профил.
Во прилог на неговиот напис Јарсма објави документ од 29 мај годинава, во кој е содржана дел од одлуката на Советот на ЕУ во кој се наведува дека предложениот дизајн на бугарската монета од две евра е блокиран.

Дополнително, Јарсма објави и одговор на Генералниот секретаријат на ЕУ во кое доставува одговор на барање за доставување одлуката на Советот. Личните податоци на барателот содржани во документот што го објави Јарсма се заштитени, па оттука не може да се види за кого точно станува збор.

Кирилицата повторно во центарот на европски спор
Во јавноста веќе се појавија бројни претпоставки зошто Советот на ЕУ донел ваква одлука, а во дел од бугарските медиуми најчесто се споменува дека причина за тоа се исклучително комплексните односи помеѓу Македонија и Бугарија.
Бугарија со години го застапува ставот дека современата кирилица се развила во рамките на Првото бугарско царство и Преславската книжевна школа, поради што се претставува како еден од најголемите придонеси на бугарската држава кон европската цивилизација.
За Македонија пак, кирилицата како и светити браќа Кирил и Методиј се дел од македонскиот идентитет. Според Уставот, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се официјален јазик и писмо на државата. Македонската официјална политика, ги претставува светите браќа Кирил и Методиј како сесловенски просветители, а кирилицата како заедничко сесловенско културно наследство.
Поради поднесениот приговор, предложениот дизајн не го добил потребното одобрување и процедурата е запрена. Бугарија сега има неколку можности, да постигне договор, да го измени дизајнот на монетата или да предложи сосема ново решение.
Бугарија почна да го користи еврото на 1 јануари 2026 година и стана 21-та членка на еврозоната во која еврото е официјална валута.
И.О.
The post „Шлаканица“ за Софија од Европа, блокирано еврото што ја присвојува кирилицата како бугарско писмо appeared first on МКД.МК.
