ФОТО: Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови

Воздухопловниот ВИНГ денеска го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, при што одбележувањето беше збогатено со прелети на хеликоптери од составот на Армијата како и со прелет на авиони Ф-16 од Военото воздухопловство на Грција и „Eurofighter Typhoon“ од Италија.

Денот на единицата симболично се поврзува со првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и претставува институционален белег на военото воздухопловство.

Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, им го честита празникот на припадниците на единицата, истакнувајќи дека Воздухопловниот ВИНГ претставува клучен капацитет на Армијата.

-Благодарение на вашата посветеност, воздухопловниот ВИНГ денес претставува клучен капацитет на Армијата и исклучително значаен чинител во системот на националната и колективната безбедност- истакна Ѓоргоски, додавајќи дека следува модернизација и опремување со современи борбени системи.

Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски, нагласи дека единицата останува посветена на унапредување на своите способности, исполнување на националните и сојузничките обврски и развој на персоналот.

Во рамки на свеченоста беа доделени признанија и стимулативни мерки на припадниците кои се издвоиле со својата работа и професионализам.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content