Заинтересирани кандидати треба да приложат кратка биографија и мотивационо писмо до архивата на Кабинетот на претседателот или пo пошта на адреса на Кабинетот на претседателот со назнака „за јавен повик за волонтери”.
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи е пет работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страницата на претседателот, заклучно со 17.06.2026 година до 15 часот.
Селекцијата на волонтерите ќе ја изврши Комисија за селекција на волонтери во Кабинетот, а селектираните ќе бидат контактирани. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Волонтерскиот ангажман се заснова врз основа на договор за волонтирање за период од најмногу шест месеци. По завршување на волонтирањето, Кабинетот на претседателот нема обврска за вработување на волонтерите.
Волонтерите, како што информираат од Кабинетот, имаат право на надоместок на трошоци за храна и за превоз до и од местото на волонтирањето во висина до 15 отсто од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година.
