Собранието ја зајакнува соработката со Европскиот парламент преку размена на искуства за демократски надзор, транспарентност и отчетност

Генералниот секретар Марина Димовска предводи Делегација на службата на Собранието, во состав Бобан Стојаноски, заменик на генералниот секретар, Елена Доцевска Божиновска, државен советник за политички систем, Сања Богатиновска, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на политичкиот систем, Данчо Јаневски, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на финансискиот и економскиот систем и јавните дејности, Трендалина Синани Таири, раководител на одделение за нормативно-правни работи, Марија Стефанова, раководител на одделение за мултилатерална соработка и меѓународни парламентарни собранија и Татјана Здравеска, советник на комисијата за одбрана и безбедност, која учествува на дводневна размена на искуства во Европскиот парламент во Брисел на 9-10 јуни 2026 година, фокусирана на демократски надзор, транспарентност, отчетност и најдобри парламентарни практики.

Размената е организирана од одделот за поддршка на демократијата и координација на изборите на Европскиот парламент, а програмата овозможува споредбени искуства и експертиза помеѓу администрациите на Европскиот парламент и Собранието.

Во воведните обраќања на Марта Удина, раководител на Одделот за парламентарна поддршка и градење капацитети во Европскиот парламент, и Марина Димовска, генерален секретар на Собранието, беше нагласена важноста на зајакнувањето на парламентарните институции, со фокус на транспарентноста и подобрувањето на демократското управување како дел од процесот на интеграција во Европската Унија.

Во текот на програмата, учесниците имаа размена со високи функционери, експерти и пратенци на Европскиот парламент за широк спектар на теми, вклучувајќи парламентарни процедури, транспарентност на законодавството, јавен пристап до документи, управување со групи на интереси, стандарди за етика и интегритет, односи со медиумите, борба против дезинформации, заштита на лични податоци, управување со судир на интереси и механизми за одговорност во рамките на парламентарните администрации.

Делегацијата, исто така, размени мислења со членови на Европскиот парламент кои се активно вклучени во односите со Северна Македонија и Западен Балкан, вклучувајќи го Томас Вајц, постојан известувач за Северна Македонија, Лукас Мандл, ко-претседавач на Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите за Западен Балкан и Андреас Шидер, поранешен претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

Исто така, програмата опфати и неколку билатерални средби помеѓу генералниот секретар на Собранието Марина Димовска и високи функционери на Европскиот парламент, вклучувајќи го Алесандро Ќјокети, генерален секретар на Европскиот парламент, и Пјетро Дучи, генерален директор за надворешни политики на Унијата, со фокус на административната соработка, институционалниот развој и идните иницијативи за градење капацитети.

Програмата вклучува размена на искуства, кои ја потврдуваат заедничката посветеност на двете институции за зајакнување на демократските институции, со фокус на транспарентноста и отчетноста и поддршка на континуираниот напредок на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content