Фестивалот ќе се одржува вечерва со настап на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, додека за утревечер на програмата е концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.
Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот. Влезот е слободен.