За преку 35 отсто треба да се зголеми цената на тутунот за да има реална исплатливост и повисоки цени за новата реколта, пренесува МИА. Понуденото зголемување за 20 отсто нема да донесе повисоки цени, зашто 60 отсто од родот се проценува во втора класа, сметаат новоформираните тутунски здруженија. Реагираат дека, наводно, им се нудат договори претходно потпишани.
Васко Јосифовски од тутунското здружение „Тутунска надеж“ изјави дека зголемувањето од 20 отсто што го бара Сојузот на земјоделските здруженија нема реално да ја зголеми цената на тутунот.
Според него дека дел од тутунарите добиваат веќе потпишани договори без можност да одбијат.
– Односот на откупувачите денови е таков при што многу тутунари добиваат веќе потпишани договори, со иницијали, без можност да ги одбијат. Ги собираме податоците и ќе ги доставиме до Државниот земјоделски инспекторат – вели Јосифовски.