Советот на АВМУ ќе одржи седница

47

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе ја одржи 8-та седница.

На дневен ред се извештајот за годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година со предлог-одлука за усвојување на годишната сметка.

Меѓу другото, ќе се расправа и за предлог-одлуката за доделување на дозвола за телевизиско емитување преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс на регионално ниво, предлогот за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: мобилна телефонија, како и предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: одржување на хигиена.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content