Овој ден е голем празник за христијаните, ден кога луѓето си простуваат меѓусебе. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е еден ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на празникот се менува во зависност од датата на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.