СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Со 50 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство

Планирана е изградба на откупно-дистрибутивни центри, зајакнување на капацитетите за ИПАРД, креирање на систем за отстранување на нус-производи од животниско потекло и обуки за земјоделците.

Најголем дел од средствата или 46 милиони евра се обезбедени од Светска банка, а четири милиони евра се грант средства од Европската комисија. Проектот е дел од четиригодишната рамка за соработка со Светска банка за што неодамна е потпишан договор.

Бенефит од проектот ќе имаат земјоделците, преработувачите, малопродажните ланци и потрошувачите, но импакт ќе има и врз целата економија.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, најголемо значење за земјоделците ќе има првата компонента од проектот, за која ќе бидат одвоени 32 милиони евра. Во оваа компонента планирани се изградба на земјоделско-прехранбена платформа во Скопје, откупно-дистрибутивни центри во Струмица и Ресен и зголемување на пристапот до советодавни услуги за земјоделските производители и агро-бизнис секторот.

Земјоделско-прехранбената платформа во Скопје, што ќе ги покрие и Полошкиот и кумановскиот регион, ќе содржи откупно-дистрибутивен центар, современи суви магацини, ладилници со перформанси кои досега не постојат во нашата држава, како и посебен технички центар кој ќе содржи станица за чистење и дезинфекција на камиони, помошна опрема за пречистителна станица и станица за рециклирање на отпад, појасни Хоџа на денешната прес-конференција во Владата.

Планирано е да се изгради и фабрика за нус производи од животинско потекло.

Средствата од Светска банка се добиени под поволни услови, со рок на отплата 12 години, со вклучен грејс период од четири години и со каматна стапка од шестемесечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон, која во моментот изнесува 0,1 проценти.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content