Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење, учениците екстерно полагаат 2 предмети, 2 интерно и проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.
На 5 јуни ќе се полага задолжителниот предмет. Македонски јазик и литература ќе полагаат 10848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 турски јазик и литература. На 11 јуни ќе се полага англиски јазик, германски јазик, француски јази, руски јазик, математика, естетика и филозофија. Англиски јазик пријавени се да полагаат 13.452 матуранти, германски јазик 140, француски јазик 32, руски јазик 18, математика 1.529, филозофија 14 и естетика 66 матурани.