Отворена информативна веб-страница за реформите во основното образование
На www.osnovnoobrazovanie.mon.
Веб-страницата содржи детално појаснување на содржината на планот за реформа на основното образование, а јавно се објавени сите документи поврзани со промените, како Концепцијата за основно образование, новите наставни програми и националните стандарди врз основа на кои се изработени, но и постојната и законската регулатива која е во фаза на подготовка или веќе се наоѓа во собраниска процедура на усвојување. Исто така, во посебно мени можат да се најдат и одговори на сите најчести дилеми и поставувани прашања во јавноста за одредени аспекти на промените, стои во соопштението.
МОН, како што се наведува, продолжува да биде институција која максимално го почитува принципот на транспарентност и отчетност во работењето, како и институција отворена за соработка со сите поединци и групи кои имаат намера да дадат конструктивен придонес во креирањето на промените што мора да се случат во интерес на создавањето што поквалитетни и подобро подготвени генерации млади луѓе.