СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Симон Трпчески денеска ќе одржи концерт во Софија

Во најпрестижната сала за класична музика „Бугарија“ во Софија, денеска концерт ќе одржат четворица македонски и бугарски изведувачи, кои се дел од Софиската филхармонија.

Дел од групата која ќе го одржи концертот, е светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески.

Познатиот бугарски диригент Најден Тодоров ќе диригира на концертот.

 

Трпчески во салата „Бугарија“, освен со Софиската филхармонија, ќе свири и со неговиот сонародник виолинистот Александар Капоски од Операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур.Тие ќе изведуваат троен концерт на Јохан Себастијан Бах.

Според неофицијални податоци на концертот се очекува да присуствуваат министрирте за култура на Северна Македонија Ирена Стефоска и на Бугарија Велислав Минеков.

Во саботата вечерта во Културно-информативниот центар во Софија, Трпчески изведе една од познатите македонски песни.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content