Економија
Од вечерва повторно полициски час
Од вечерва од 21 часот повторно ќе важи одлуката за полициски час, односно забрането движење на граѓаните, како мерка за сузбивање на ширењето на ковид-19.
Според одлуката на властите од денеска 2 мај, па до 15 мај полицискиот час ќе трае од 21 часот до 5 часот наутро.
Исклучок од ваквата одлука имаше синоќа, кога граѓаните можеа слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита – носење маска и држење дистанца. Освен исклучокот за Велигден, ќе им уште еден за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, на 12 кон 13 мај.
Владината одлука со која што се ублажија рестриктивните мерки, овозможи и работа на терасите на угостителските објекти, кои претходно беа целосно затворени, но до 20.30 часот.