ГИ ЗАБОРАВИ ЛИ ЗАЈКОВА КОНДУРИТЕ ПРЕД ВЛАДА? Бара да не се правеле политички поени од иселувањето, било глобален проблем

13

Претседателката на ЛДП и дел од коалицијата за Европска иднина, Моника Зајкова денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача дека иселувањето е глобален проблем и побара од тоа да не се правеле политички поени.

Според неа, не треба да се собираат политички поени од тоа.

„Иселувањето на младите е повеќедецениски проблем и ние тој тренд го гледаме не само во Македонија, туку и во земјите од регионот. Една Хрватска која што е во Европска Унија, исто така се соочува со истиот проблем, меѓутоа од ова прашање не треба да собираме политички поени, но треба да навлеземе во коренот бидејќи не засега сите, не само младите кои се иселуваат поради подобар квалитет на живот или заради тоа што сакаат да бидат поконкурентни на поширок пазар на труд, но и оние кои што остануваме дома и ја губиме работноспособната сила, така што сите треба да работиме на тоа како да ги задржиме тука“, порача Зајкова.

Прашањето е заборави ли Зајкова кога беа опозиција и дека една од главните теми на тогашната здружена опозиција во јавноста кои ги наметнуваа беше дека заради тогашната влада од ВМРО-ДПМНЕ се иселувале младите.

Се поставуваа кондури пред влада, со што тогаш тие го симболизираа иселувањето.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content